ЖЕНИТЕ ЛУДУВААТ ПО НЕГО! Го нарекуваат новиот Бред Пит, а тој се забавува со 23 години постара режисерка! (ФОТО)

popara18 февруари, 20231min00
Screenshot_3

Сè погласни се гласините дека британскиот актер Арон Тејлор-Џонсон (32) е главен кандидат за улогата на новиот најпознат таен агент во светот – Џејмс Бонд, а овој шармер и покрај тоа што е релативно млад, веќе е искусен актер.

 

 

 

Неодамна го гледавме со Бред Пит во филмскиот хит Bullet Train, а на публиката ѝ е познат и по филмовите „Ана Каренина“, „Човекот на кралот“, „Илузионистот“…

 

Арон има посебна харизма, па иако не се вклопува во стандардните холивудски стандарди, многу е привлечен за жените.

 

Во последнава година, тој е апсолутна ѕвезда на социјалните мрежи бидејќи жените и мажите низ светот се воодушевени од неговиот изглед, однесување и талент, па го нарекуваат следниот Бред Пит.

Срцето на овој актер одамна го зароби режисерката Сем Тејлор-Џонсон, а нивната љубов секогаш ја интригира јавноста поради големата разлика во години, но и меѓусебната нежност и блискост кои никогаш не ги криеле. Арон ја запознал својата сопруга Сем (55) уште во 2008 година кога имал само 18 години и можеби немаше да има нешто чудно во нивната врска доколку таа не е постара од него повеќе од две децении!

 

Во моментот на средбата со него, режисерката веќе имала 42 години, но актерот тврди дека во моментот кога ја видел знаел дека таа му е сродна душа и дека сака да го помине животот со неа:

 

Веднаш знаев дека Сем е мојата сродна душа. Веднаш знаев дека сакам да го поминам остатокот од мојот живот со таа жена. Добро се сеќавам на тој ден, како и на денот кога ја запросив.

 

Славниот Британец истакна дека никогаш не ја почувствувал разликата во годините меѓу себе и неговата избраничка, објаснувајќи дека не можел да се споредува со ниту еден негов врсник кога имал 19 години, бидејќи и тогаш живеел живот кој немал никаква врска со традиционалното воспитување.

 

Знаев дека сакам семејство со неа, знаев дека сакам деца, а еден месец подоцна таа го чекаше нашето прво дете, рече тој.

 

Никогаш, ниту една секунда, не почувствував јаз меѓу нас поради возраста, додал Арон и истакнал дека убавата русокоса е порешителна и поенергична од него.

 

Двојката има и две деца – дванаесетгодишната Вилда и десетгодишната Роми, а Сем има уште две ќерки од претходниот брак.,

Интересно е и тоа што презимето Тејлор-Џонсон, кое и двајцата го носат од нивната венчавка, всушност е добиено со спојување на нивните презимиња што ги имале пред да застанат пред олтарот – презимето на Арон било Џонсон, а на Сем Тејлор-Вуд.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma