Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ драстично го промени имиџот откако е фотографиран додека ужива на новогодишниот одмор на плажа во Мајами.
Ибрахимовиќ ги мина празниците во САД, а за таа прилика има и нова фризура со плетенки.
Истовремено, фудбалерот повторно импресионира со неверојатната мускулна градба, а во прв план акцентот е поставен на голема тетоважа на лав на неговиот грб.
Ибрахимовиќ вредно работи на закрепнувањето откако летово мораше да се оперира, па се очекува да биде физички подготвен по зимската пауза.
Минатата сезона одигра 27 натпревари во кои постигна осум гола, а асистираше за три погодици.