ЖЕСТОКА РАСПРАВИЈА НА КРИСТИЈАНО РОНАЛДО И ЏОРЏИНА СРЕДЕ АЕРОДРОМ: Објавени детали за ХАОСОТ!

popara29 април, 20231min00
Screenshot_4

Кристијано Роналдо и неговата девојка Џорџина Родригез имаа јавна и жестока расправија на аеродромот во Лисабон, непосредно пред да се качат во авион, што дополнително ги подгреа гласините дека нивната врска поминува низ голема криза.

 

 

 

Приказните за неволјите во рајот се шират откако фудбалерот се пресели во Ал Наср во Саудиска Арабија. Португалските и шпанските медиуми пишуваат дека на Кристијано му е преку глава од Џорџина.

 

На расправијата на аеродромот посведочил неименуван маж кој потоа го контактирал шпанскиот новинар Абел Планелес и ги опишал непријатните сцени.

 

-Тоа беше сериозна расправија со многу викање, Роналдо навистина беше изнервиран, рече сведокот.

 

На Роналдо наводно му пречат ставовите на Џорџина и смета дека инфлуенсерката со 49 милиони следбеници на Инстаграм станува многу себична и се расфрла со пари. И пред тоа беше критикувана во медиумите и на социјалните мрежи за нејзиниот однос кон пријателите, семејството, работата… Фактот дека животот во Саудиска Арабија не е бајка како што очекуваа кога славниот фудбалер потпиша за клубот таму, исто така, придонесува за напнатост.

 

Ниту нејзината емисија „Јас сум Џорџина “ на Нетфликс нема голема гледаност.

 

Критичарите тврдат дека шпанско-аргентинската манекенка и инфлуенсерка е неискрена, дека нема спонтаност и отвореност што ги ветила, а најголем дел од содржината се чини дека е снимена по сценарио и со прекумерна шминка.

 

Лео Каерио, пријател на мајката на Роналдо, Марија Долорес дос Сантос Авеиро, која фудбалерот ја обожава, ги сподели со медиумите најжестоките критики за неа. Познато е дека таа ја обвинува Џорџина за расипување на односите со нејзиниот син и внесување раздор во семејството.

 

-Со месеци кажувам дека не им е добро и ми се чини дека ќе раскинат. Навистина му е преку глава од неа, тоа е вистинската вистина,изјави Каеро за Марка.

 

Тој верува дека парот никогаш нема да се венча, а заедно се само од рекламни и деловни причини. Неодамна се пишуваше дека не сакаат да раскинат поради децата и поради тоа што имаат договор според кој во случај нараскинување Роналдо би требало да и плати 350 милиони евра. Двојката има пет деца, од кои две (всушност три, но едно дете, за жал, почина при породување) ги родила.

 

Џорџина нема навика да коментира на социјалните мрежи за врската со Роналдо. Но, овој пат гласините добија такви размери што таа направи исклучок.

 

Тоа го направи преку социјалните мрежи преку инста приказна, со песната „’Si yo muero“ од Ромео Сантос, во која текстот е: „Завидливите измислуваат озборувања , дрдорците ги шират, а будалите им веруваат“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma