ЖЕШКИ СЦЕНИ И ИНТРИГИРАЧКИ РАБОТИ: Никол Кидман снима два еротски трилери!

popara11 април, 20231min00
Screenshot_6

Поминаа 24 години откако Никол Кидман последен пат одигра еротска улога покрај нејзиниот тогашен сопруг Том Круз во бурниот и контроверзен филм „Очи ширум затворени“.

 

 

 

Сега публиката ќе има можност да ја види 55-годишната холивудска ѕвезда во дури два еротски трилери закажани за на големото платно. Таа ќе игра фатална жена во два проекти кои се снимаат во рок од неколку месеци еден по друг.

 

Првиот филм е трилер во стилот на Хичкок наречен „Холандија, Мичиген“ во кој таа игра заедно со Метју Мекфадиен. Мекфадиен, кој се прослави со улогата на Том Вамбсганс во серијата „Секцесија“, во филмот го игра сопругот на Кидман. Заплетот е еден вид игра на мачка и глушец за наставничка која започнува афера, за да дознае дека и нејзиниот сопруг води двоен живот.

 

Се чини дека актерката сакаше повторно да биде во сцените на еротски филм, бидејќи веднаш по снимањето на „Холандија, Мичиген“ се согласи да биде главна улога во филмот „Babygirl“. Ова жешко сценарио е за бизнисменка во нејзините 40-ти години, која започнува опасна врска со 21-годишен практикант.

 

Но, тоа не е крајот на ангажманите на актерката, бидејќи хипер-работната Кидман прифатила да игра и во мини-серијата на Нетфликс „Совршениот пар“. Во серијата, таа ја игра и главната улога, покрај Лив Шрајер, во ѕвездената адаптација на истоимениот трилер, напишан од Елин Хилдербранд. Познатата актерка ја игра крими писателката, Грир Гарисон Винбери, која ја планира венчавката на нејзиниот син и идната снаа.

 

Заплетот го следи ликот на Хјусон, Амелија Сакс, која ќе се омажи за едно од најбогатите семејства на Нантакет, кога на плажата ќе се појави мртво тело. Како што се развива приказната, сите се осомничени во истрагата што се одвива исто како мистериозниот роман напишан од ликот на Кидман.

 

Серијата ќе започне со производство во април, со Џена Ламија како извршен продуцент, а Сузан Биер како режисер и извршен продуцент. Кидман која има две деца; 30-годишната Изабела и 28-годишниот Конор, ги дели со нејзиниот поранешен сопруг Том Круз и помладите ќерки; 14-годишната Сандеј и 12-годишната Фејт со кантри ѕвездата Кит Урбан, неодамна го завршија снимањето на нејзиниот најнов шпионски трилер „Лавица“ во Шпанија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma