Жизел Бундшен отворено проговори за разводот: „Порано преживував, сега живеам!“

popara25 септември, 20234min00
o_30545055_1280

Разводот на супермоделот Жизел Бундхен и Том Брејди продолжува да ги полни медиумските колумни и една година откако тие официјално ја потврдија нивната разделба. Сега, во интервју за CBS, манекенката за прв пат отворено проговори за разводот, а пред светот „ја отвори душата“ и призна како се чувствувала пред и по разводот.

Во претстојното интервју, 43-годишната Жизел откри дека пред разводот само преживувала и дека сега среќно преминала во нова фаза од животот: „Мислам дека порано преживував, а сега живеам, што е сосема поинаку“, изјавила манекенката и открила дека таа и нејзиниот сопруг се „разделиле“ додека се уште биле во брак.

Зборувајќи за причините за разводот, таа истакна дека тоа не е нешто што нужно го посакувала: „Тоа не е нешто за што сонував и се надевав. Моите родители се во брак 50 години и навистина сакав да ми се случи тоа,“ призна таа, а потоа продолжи: „Но, мислам дека треба да прифатиш дека понекогаш се зближуваш, а понекогаш се разделуваш. Тој е татко на моите деца и секогаш му посакувам се најдобро и благодарна сум што ми подари убави деца. “, заклучи таа.

image

Нејзината загриженост за влијанието на спортот врз здравјето на Брејди е наведена како главна причина за нивниот развод, а таа наводно дури и му поставила ултиматум да се пензионира или нивниот брак ќе заврши. Американскиот фудбалер тоа го направи на почетокот на 2022 година, за многу брзо да се предомисли и да се врати во кариерата на професионален спортист. Се чини дека ова го реши нивниот брак, бидејќи во октомври истата година тие официјално објавија дека се разведуваат, а тој на почетокот на оваа година и официјално стави точка на фудбалската кариера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gisele Bündchen (@gisele)

Жизел и Том се запознаа во 2007 година, а во бракот кој траеше повеќе од една деценија, тие добија две деца, ќерката Вивијан и синот Бенџамин, а Брејди има и постар син, 15-годишниот Џек, кој го доби со Бриџит Мојнахан. По неколкумесечни гласини, во август стигна потврда дека по разводот Том продолжил со Ирина Шајк, супермоделот и поранешна девојка на актерот Бредли Купер. Како што изгледа, според извори блиски до спортистот, тој е исклучително среќен со својата нова девојка и се труди врската да трае. Жизел, од друга страна, е поврзана со инструкторот за џиу-џицу, Хоаким Валенте, со кого често може да се види во јавноста, но и на патувања, вклучувајќи го и она во Костарика каде фотографите ги фатија оваа пролет.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag