„ЖОЛТА МАГИЈА“ на раката на Новак го воодушеви светот: Има само 250 парчиња на светот, а цената ќе ви ја заврти главата

popara27 септември, 20231min00
Novak

Српскиот тенисер не е познат по својот екстравагантен вкус, но за светска ѕвезда од неговиот калибар луксузот се подразбира.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, статистички најдобриот во историјата на овој спорт, деновиве се наоѓа во Италија каде што присуствува на “Рајдер Куп” во Рим.

Таму имаше можност да им покаже на своите обожаватели како се снаоѓа тоа кога тенискиот рекет ќе го замени со палка за голф, а претходно даде интервју за Професионалната тениска асоцијација (PTPA).
Новак, кој е претседател на оваа организација, зборуваше за тоа како сака да им помогне на тенисери од понизок ранг, за што постојано се залагаше во минатото.
Српскиот спортист не е познат како некој кој претерано привлекува внимание со својот стил, ниту е многу екстравагантен кога е модата во прашање, но сака рачни часовници, како и неговата сопруга Јелена, па често ги менува моделите што ги носи. Инаку, тој со години е заштитно лице на швајцарскиот бренд Hublot, а сега го претстави и еден од највпечатливите модели на оваа куќа.


Заедно со спортскиот аутфит го донесе и моделот Big Bang Unico Yellow Magic кој беше произведен во ограничена серија од само 250 парчиња. Како што е наведено на веб-страницата на овој бренд, куќиштето на часовникот е 42 mm, а има арапски бројки и стрелки во жолта нијанса на сонцето, кои го истакнуваат механизмот и тркалото на столбот видливи низ кристалот.


Овој рачен часовник наводно чини 28.300 долари, а е направен од жолта керамика, па не е изненадување што го добил името, што во превод значи „жолта магија“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag