Оваа маска ја хидрира и подмладува кожата
Кожата неминовно старее со годините, станува почувствителна на надворешни дразби и полесно се забележува недостатокот на нега.
Со возраста добиваме брчки и стануваме поподложни на појавата на темни кругови околу очите, што е предизвикано од губење на еластичноста на кожата.
Доколку сакате да го забавите овој процес, и да го одложите појавувањето на брчки и темни кругови, можете да пробате маска со мед и бадемово масло.
Најдобро е да користите природен мед од доверлив продавач, додека бадемовото масло можете да го набавите во продавниците за здрава храна.
Оваа маска ја хидрира кожата и помага да се отстранат темните кругови и фините линии. За најдобри резултати, се препорачува да се користи 2 пати неделно.
Потребни ви се само една лажица масло и една лажица мед.
Измешајте ги состојките, намачкајте ја маската на пределот околу очите и носете ја десетина минути.
После тоа, измијте ја маската од лицето со млака вода и нежни движења со рацете.