Актерката Софија Вергара се појави на ТВ снимање во Калифорнија блескајќи во бела облека, освежена по одморот.
Вергара дојде на снимањето на популарната ТВ програма „Јас имам талент“, во која е член на жирито. Таа избра бела модна комбинација.
Носеше бела кошула со кратки ракави и бели панталони. Оваа комбинација ја заокружи со бели сандали на висока потпетица.
Понесе и ефектна, голема темнозелена квадратна чанта од модната куќа Диор. Целиот изглед го комплетираше со мачкасти очила за сонце. Долгата негувана коса ја пушти слободно да паѓа.
Вергара ја задржа насмевката на лицето, покажувајќи дека со нетрпение ја очекува новата сезона на популарната програма во која оценува талентирани луѓе и ужива во нивните настапи.
Покажа и дека тешките денови се зад неа. Таа неодамна се разведе од Џо Манганиело по осум години брак.