Надградбата на вештачки трепки може да биде скапа, а лепилото може да ги оштети вашите природни трепки. Сепак, постои едноставен трик како да ги издолжите трепките без да ги оштетите.
Се што ви треба е бебешка пудра (која може да се најде по цена од 100 денари) и едно до две стапчиња за уши.
Како оди процесот?
Најпрво нанесете еден слој маскара што вообичаено ја користите, а потоа ставете бебешка пудра на стапче за уши и поминете преку трепките.
Откако ќе ги направите претходните два чекори, нанесете уште еден слој маскара за да ги покриете трагите од пудра.