Заборавете на коректорoт: Еве како да ги сокриете подочниците за кратко време со помош на црвен кармин

popara12 јуни, 20231min00
3568_shutterstock-1915494460_f

Изгледа глупаво, но функционира. Познатите шминкери се колнат во овој трик и велат дека проверено функционира

Многу жени имаат проблем со темните кругови околу очите, кои не можат да се сокријат со обична пудра, па дури ни со помош на коректор.

Ако спаѓате во оваа група и веќе сте ги испробале сите методи за покривање и ништо не успеало, можеби овој трик ќе ви помогне.

Подочниците се естетски проблем, а за успешно прикривање потребен ви е црвен кармин кој со лесен потег ќе го нанесете директно под окото.

Еве како до резултат со помош на црвен крамин.

Значи, карминот намачкајте го со лесен потег директно под окото, а потоа нежно размачкајте го со прст или сунѓерче. Внимавајте да не нанесувате премногу кармин.

Откако ќе го направите сето тоа, нанесете ја вашата пудра како што обично правите. Црвениот кармин дава добри резултати бидејќи црвената боја ги неутрализира виолетовите тонови под очите.