Состојки:
пилешко филе 300гр
малку млеко
1 јајце
пармезан по потреба
презла по потреба
малку босилек
мелен црвен пипер
сол по вкус
бибер по вкус
малку путер
Како да се подготви:
Пилешкото филе исечкајте го на помали парчиња. Измешајте го јајцето и малку млеко. Во кесичка измешајте пармезан, презла и зачини.
Пилешкото прво потопете го во смесата со млеко и јајца, па ставете го во кесичката и протресете го.
Се става на хартија за печење и се става по малку путер на секое парче пилешко. Се пече на 200 степени додека пилешкото не порумени.