Решението е многу едноставно
Сите знаеме дека сечењето кромид може да биде макотрпно и иритирачко искуство кое често води до солзи.
Колку и да сме вешти во кујната, предизвик е да се исецка макар и еден кромид без да завршите во солзи.
Сепак, постојат неколку трикови кои можат да ни помогнат да го исечеме без да плачеме.
Едно решение е да ги испрскате даската за сечење и ножот со сок од лимон.
Друг начин е да го ставите кромидот во замрзнувач 15 минути пред да го исечете, а третиот е да го исчистите кромидот и да го потопите во вода 15 минути.
Едно од овие три решенија сигурно ќе делува, а вие ќе уживате да го подготвувате ручекот без солзи.