Заборавете на теретана, одете право во кревет! Сексот ја ублажува болката, го намалува стресот, го зајакнува имунитетот

popara12 август, 20231min00
733248_ljubav_m

Сексот не прави само да се чувствувате добро, добар е за вас и вашето здравје. Придобивките од активниот сексуален живот се многу подалеку од уживањето во спалната соба.

Сексот ја ублажува болката, го намалува стресот, ја зголемува самодовербата, го зајакнува имунитетот, ја подобрува кондицијата… Освен што помага да спиете добро, да го намалите стресот и килограмите, сексот го поттикнува лачењето на полови хормони, па после него ќе сакате повеќе секс!

  1. Го подобрува здравјето на крвните садови

Според многу истражувања, мажите кои имаат секс повеќе од двапати неделно се изложени на помал ризик од срцев удар од мажите кои имаат секс помалку од еднаш месечно.

  1. Ја ублажува болката

За време на оргазмот се ослободува ендорфин, хормонот на среќа, кој помага да се ублажи болката.

  1. Го зајакнува имунитетот

Редовното водење љубов го зголемува нивото на антителото имуноглобулин А (IgA), што го прави телото посилно, а тоа ја олеснува борбата против грипот и настинката.

  1. Го намалува стресот

Луѓето кои редовно практикуваат секс подобро се справуваат со стресот и се посреќни од другите луѓе, покажуваат различни студии.

  1. Прави да изгледате помладо

За време на оргазмот се ослободува хормон, кој го подобрува имунитетот и го регенерира ткивото, правејќи ја кожата поздрава.

  1. Ја подобрува циркулацијата

За време на сексот се зголемува пулсот, поради што органите и клетките добиваат свежа крв. На овој начин од вашето тело излегуваат искористената крв и работите кои ве уморуваат.

  1. Обезбедува подобар сон

По водење љубов се чувствувате опуштено, што го олеснува заспивањето, а добриот сон воопшто ве прави поздрави.

  1. Ја подобрува физичката кондиција

За 30 минути секс ќе согорите 80 калории.

  1. Го зголемува нивото на естроген и тестостерон

Тестостеронот е причината зошто мажите се добри во кревет, ги подобрува коските и мускулите и го штити срцето. Естрогенот ги штити жените од срцеви заболувања и го одредува нивниот мирис.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag