Ефектот на медени усни го освои светот на убавината
Високите температури тврдоглаво не принудуваат да нанесуваме мејкап производи со полесна текстура, но тоа не мора да значи неутрална шминка. Еден таков тренд е ефектот на меден усни.
Ефектот на таканаречените медени усни се постигнува многу лесно со само три производи. Она што ви треба е добро пигментирана златна сенка за очи нанесена на центарот на усните. Следно, кафен молив и сјај за усни. Најдобро би било двата производи да бидат во слични нијанси. Најпрво добро размачкајте ја сенката, внимателно исцртајте ги усните со техниката која досега сте ја практикувале и на самиот крај нанесете сјај за усни.
Видеото може да го погледнете ТУКА.
Ефектот на меден усни комбинира потемни тонови во форма на молив и сјај за усни со треперливиот ефект на златната сенка за очи, со што се создава совршен спој на зимски и летни трендови.