Завршила во болница откако испила премногу вода: Глумицата ги предупредува луѓето

popara9 ноември, 20231min00
67126_shutterstock-109423508_f

Брук Шилдс имала епилептичен напад откако испила премногу вода. „Наеднаш се збунив, а потоа дојде до напад“, изјави Брук и додаде „Бредли Купер беше до мене“.

„Пиев премногу вода. Тоа ми го преоптовари системот“, вели Шилдс.

Лекарите констатирале дека проблемот е што актерката избегнувала да додава сол во исхраната за да не се чувствува подуено. Но, таа истакнува дека избегнува сол бидејќи тогаш изгледа отечено, па многумина мислат дека користи ботокс.

Исто така, таа наведува дека се чувствувала дехидрирано и дека пиењето вода нема никаква врска со посакуваното слабеење. Шилдс објасни дека сака храна и алкохол, но го сака и животот и сака да биде здрава.

Инаку, намаленото ниво на натриум во плазмата се нарекува хипонатремија, а причината може да биде конзумирање на прекумерна количина на вода. Во случајот со Брук веројатно дошло до преоптоварување на организмот поради недостиг на сол и нагло внесување на огромно количество вода, што ја „растворило“ и постоечката количина сол. За правилно функционирање на телото потребни се сол и натриум.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag