ЗАДОВОЛСТВО ЗА СИТЕ СЕТИЛА: Со додавање на една слатка состојка, овој ролат станува фантастичен

popara21 март, 20231min00
48576_strudla-shutterstock-1050119864_f

Состојки:

500 гр брашно
120 гр маргарин
1 коцка квасец
1 лажичка шеќер
250 мл млеко
50 гр шеќер

Фил:

250 гр мелени ореви
50 гр рендано млечно чоколадо
100 мл млеко
3 лажици шеќер
20 гр маргарин

За премачкување:

1 жолчка од јајце

Подготовка:

Стоплете малку од млекото и измешајте го квасецот со една лажичка шеќер. Во тенџере со маргарин ставете го преостанатото млеко и мешајте на тивок оган додека не се соедини. Додадете го брашното, шеќерот и на крајот квасецот. Месете го тестото и оставете го да нарасне додека не се удвои во големина. За филот измешајте ги оревите со шеќерот и додадете крупно рендано чоколадо. Во врелото млеко додајте маргарин и кога ќе се растопи, прелијте ги оревите и чоколадото и соединете со мешање. Поделете го тестото на два дела. Секој се формира во квадрат. Покријте со подготвениот фил и свиткајте во ролна. Ставете во подмачкан плех за печење. Премачкајте со изматена жолчка измешана со лажица вода и печете во загреана рерна на 200 степени 30-40 минути или додека штрудлите не поруменат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag