Залижаната коса е еден од водечките трендови оваа есен: Погодна за сите прилики, а лесна за стилизирање

popara19 октомври, 20231min00
64997_shutterstock-1422500540_f

Залижаната коса може да биде елегантна и софистицирана, но и многу модерна и тренди. Овој изглед може да се постигне со различни техники, вклучително и употреба на производи за коса како гел, восок или спреј за коса. Една од причините зошто залижаната коса стана популарна е тоа што е многу разноврсна. Може да се носи на различни начини, вклучително и залижана наназад, настрана, па дури и во измазнето репче.

Освен тоа, залижаната коса може да биде одличен избор за свечени прилики како свадби или деловни настани. Исто така, овој стил може да биде одличен за опуштен изглед, особено ако се комбинира со модерна облека. Во секој случај, залижаната коса е тренд кој не треба да се игнорира оваа есен. Без разлика дали сте маж или жена, овој стил може да ви даде софистициран и стилски изглед кој сигурно ќе го привлече вниманието.

Zalizana kosa

Грижа за залижана коса

Важно е да знаете дека за успешно одржување на ваква фризура неопходна е дополнителна хигиена на косата бидејќи постои зголемен ризик од акумулација на хемикалии на скалпот. Косата мора да се мие редовно и темелно, бидејќи производите за обликување на прамените брзо ја мастат косата, може да ги затнат порите на скалпот и со тоа да го загрозат здравјето на косата.

Исто така, редовното користење на природни шампони за длабинско миење на косата е повеќе од потребно – особено ако сакате редовно да ја обликувате косата на овој начин.

При изборот на производ со чија помош ќе го постигнете овој изглед, погрижете се, освен цврсто да ја држите косата, да не го загрозува здравјето на косата и скалпот. Ако забележите лупење на скалпот, црвенило или зголемено чешање – сменете го производот. Променете онолку производи колку што е потребно додека не го пронајдете вистинскиот – оној кој ефикасно ја исполнува целта, а притоа е нежен и не му штети на здравјето на косата.

Залижаната фризура може да биде моќен сојузник при стилизирање на прамените, но може да ви одмогне ако се направи неправилно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag