Заменете го оризот со оваа намирница: Има помалку шеќер и скроб, а килограмите исчезнуваат

popara21 август, 20231min00
25649_kinoa_f

Оризот е една од најпопуларните житарки во светот, но секако не е најдобрата храна што можете да ја внесете во организмот: се смета за извор на „празни“ јаглехидрати бидејќи во него е најзастапен скробот.

Покрај тоа, обичниот бел ориз има висок гликемиски индекс (64), што значи дека нивото на шеќер во крвта брзо и нагло се зголемува по неговото јадење.

Поради ова, се почесто можете да најдете рецепти во кои се заменува со интегрален кафеав ориз, или уште подобро со киноа, пишува Glossy.

Киноата – наречена и „мајка на сите житарки“ – е една од најбогатите намирници без глутен што може да се најде во природата.

Содржи аминокиселина лизин, која му е неопходна на организмот за правилен раст и развој и производство на енергија, како и протеини, витамини од групата Б, витамин Е, разни антиоксиданси, флавоноиди, потоа есенцијални минерали (меѓу нив манган, магнезиум, железо, фосфор, калиум, калциум, цинк, бакар и селен) и толку многу растителни влакна што една чаша киноа има дури 21% од препорачаната дневна доза!

Зошто да го замените оризот со киноа?

Според медицинската платформа Medicinenet, има многу придобивки од киноата, од кои некои се:

– Киноата има понизок гликемиски индекс од белиот ориз, што значи дека не го зголемува нивото на шеќер во крвта толку брзо
– Киноата е богата со влакна и протеини, содржи повеќе хранливи материи и има слична мека текстура како оризот
– Чаша киноа содржи двојно повеќе протеини и 5 грама повеќе влакна од белиот ориз
– Киноата содржи помалку калории и јаглехидрати од белиот ориз
– Киноата го намалува нивото на триглицериди во крвта после оброк
– Киноата има поголема количина на сите есенцијални амино киселини
– Киноата има поголем процент на минерали (три пати повеќе калциум, пет пати повеќе железо, осум пати повеќе калиум, двојно повеќе манган, цинк, кој го нема во оризот…)

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma