Лондон вчера не беше како типичниот мрачен ден, а заслугите се на фаталната убавица Амал Клуни, адвокатка за човекови права и сопруга на Џорџ Клуни, која разубави се со својот изглед.
Дивата, која јавноста ја запозна како единствена жена на која актерската легенда и го кажа „судбоносното да“, не престанува да воодушевува со секое нејзино појавување.
Облечена во валкано розов комбинезон, чиј крој наликуваше на фустан, уште повеќе ја истакна нејзината црна, бујна, пуштена коса.
Како додаток носеше чанта во истата нијанса, а половината ја нагласи со црн појас.
Таа имаше малку повеќе шминка на лицето, а дијамантските обетки додадоа дополнителен шмек на елеганција.
Црните едноставни салонки ја запечатија облеката.
Амал на сите настани се појавува со сопругот, рака под рака и делуваат како многу среќен и вљубен пар.
И секогаш се модно усогласени!