Докажано е дека сокот од цвекло има висока хранлива вредност, ја поддржува функцијата на црниот дроб и е добар за слабеење. Овој сок има малку калории и речиси и да нема маснотии, па нутриционистите го сметаат за одлична опција за утринско смути. Тоа ќе ви даде хранливи материи и енергија за да го започнете денот.
Истражувачите откриле дека луѓето кои пијат 250 милилитри сок од цвекло дневно го намалуваат систолниот и дијастолниот крвен притисок. Се смета дека причината се нитратите, соединенија во сокот од цвекло кои се претвораат во азотен оксид во крвта и помагаат во проширување и опуштање на крвните садови.
Каков вкус има сокот од цвекло?
Вистина е – многу луѓе не го сакаат или имаат аверзија кон вкусот на цвекло. Но, тоа не значи дека овој сок не може да стане еден од вашите омилени пијалоци. Ако не ви се допаѓа, обидете се да додадете неколку парчиња јаболко, малку ѓумбир, цитрус или морков за да го покриете типичниот вкус на земјена репка.
Потребно е
* 2 мали цвеклa
* 4 моркови
* парче ѓумбир
* 1 портокал
* 2 зелени јаболка
Подготовка
Цвеклото измијте го, добро исчистете го и исечете го на парчиња. Излупеното цвекло ставете го во соковник. Потоа додадете морков, ѓумбир, портокал, па јаболко – по тој редослед. Добиениот сок процедете го. Ако сакате, можете да додадете и цимет.
ЗАБЕЛЕШКА: Изберете цвекло што е убаво и цврсто за да обезбеди свежина. Зеленото јаболко секогаш му дава убав вкус на овој сок и има понизок гликемиски индекс од другите видови јаболка. Цвеклото содржи многу шеќер и е нискокалорично (45 kcal на 100 g корен). Шеќерот од цвекло многу лесно се апсорбира од телото, а дава сила и енергија. Луѓето кои се придржуваат до намалена диета можат безбедно да go консумираат сировo. Ќе ги снабдува со потребната енергија, а високата концентрација на влакна што ги поседува ќе го поттикне празнењето на цревата.