Заработува по милион евра неделно, а во играње на песочна плажа ужива како мало дете

popara1 јули, 20231min00
o_29596507_1280

Додека го чека расплетот од преодниот рок и неговиот трансфер во нов клуб една година пред да му истече профитабилниот договор со францускиот шампион ПСЖ, според кој заработувал и по еден милион евра неделно, еден од најдобрите фудбалери во светот, 24-годишниот Килијан Мбапе ужива во игра на песочната плажа во одморалиштето Саут Бич во Мајами, Флорида.

Бос, облечен во бела долна кошула и сини шорцеви за капење со капа за да го заштити од сонцето, двократниот светски шампион, кој ја предводеше француската репрезентација до титулата светски првак во Русија 2018 во финалниот натпревар против Хрватска, никако не се издвојува од останатите гости на хотелот, а ужива да си игра на песок како мало дете. И тоа во ситуација кога најголемите европски клубови како Реал Мадрид, Ливерпул, Манчестер Јунајтед… се обидуваат да договорат обештетување со ПСЖ, а идна плата и бонуси со неговиот менаџер.

image

Килијан Мбапе е роден на 20 декември 1998 година во париското предградие Бонди, каде што израснал во семејство со алжирско потекло со неговиот помлад брат Итан, исто така фудбалер, и полубратот Јирес Кембо-Екоку, посвоено момче од Конго.

image

„Го одгледав Килијан во согласност со племенските традиции на мојот народ на таков начин што тој секогаш и во секоја прилика ги почитува жените и нивните права“, вели неговата мајка Фајза Ал-Амари, поранешна ракометарка. Таткото на Килијан, Вилфред Мбапе, пак, е фудбалски тренер со камерунско потекло, а токму тој го препозна талентот на своите синови и ги насочи кон фудбалот. „Килијан беше луд по топката, спиеше со неа, а кога не играше или тренираше гледаше натпревари, три или четири по ред“, рече неговиот татко.

image

Иако го посакуваат многу луди и убави обожаватели, манекенки и мисици, љубовниот статус на Килијан моментално гласи – сингл. А судејќи по хронологијата на љубовниот живот на познатиот напаѓач, кој на карактеристичен начин ги прославува своите голови со скрстени раце на градите и палците нагоре, вниманието му го привлекуваат витките темнокоси девојки, но ниту една од нив не успеа да го задржи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma