Заради овие грешки дезодорансот нема ефект: Дерматолог открива трик кој многумина не го знаат!

popara12 мај, 20231min00
27265_shutterstock-1813190101_f

Дерматологот открива кога е најдобро да нанесете дезодоранс за да има ефект!

Имено, многу луѓе наутро ставаат дезодоранси на кожата, за да ја заштитат од потење во текот на денот, но дерматологот вели дека тоа е грешка.

„Треба да нанесете антиперспирант на вашата кожа навечер, пред да си легнете. Ова му дава на антиперспирантот потребно време да се „активира“ “, вели дерматологот Луси Фадул.

„Кога спиете, потните жлезди се помалку активни, а телото одмара. Ова се идеални услови за дезодорансот да си ја заврши работата“, додава таа.

Пред да нанесете дезодоранс, важно е кожата под пазувите да биде чиста и сува.

Дополнително, д-р Фадул предупредува дека користењето на дезодоранси и антиперспиранти во исто време ги спречува овие производи ефикасно да го намалат потењето и мирисот.

„На антиперспирантот му треба време да се активира на кожата без влијание на влага, пот, сапун или остатоци од дезодоранси“, вели таа, додавајќи дека најдобро е да нанесете антиперспирант навечер, после туширање.

„Оставете го антиперспирантот да се активира и да се исуши околу два до три часа пред да нанесете дезодоранси и мириси.“

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag