Деми Мур отсекогаш важела за една од најатрактивните актерки
Деми Мур неодамна наполни 60 години, но на најновите фотографии гледаме дека таа му пркоси на стареењето. Таа сподели фотографија од плажа во бикини со леопард принт, коментарите не престануваа да се слеваат, а нејзините следбеници се прашуваат во што е тајната.
„Сега изгледа како кога глумеше во „Огнот Св. Елмо““, напиша еден обожавател, мислејќи на филмот што Деми го сними во средината на 1980-тите.
Со години се шпекулираше дали Деми направила естетски корекции, но актерката целосно ги негираше таквите наводи.
– Не ми се допаѓа идејата да направам операција за да се запре процесот на стареење – тоа е начин да се борите со вашата невроза. Скалпелот нема да ве направи среќни. Во моментов повеќе сакам да бидам убава жена на мои години отколку очајно да се трудам да изгледам како да имам 30 години – изјавила Деми пред неколку години, пренесува „Mirror“.
Во интервју за „Elle“ во 2010 година, актерката не сакаше да навлегува во детали, но рече дека направила нешто:
– Направив нешто, но тоа не е на моето лице.
Неколку години подоцна Деми истакна дека само кремите се заслужни за нејзиниот младешки изглед. Таа се обидува да јаде органска храна, следејќи претежно сурова веганска исхрана. Таа, исто така, не пие откако имаше проблем со пиењето во нејзините 20-ти. Актерката има и еден совет, а тој е многу достапен за секого.
– Насмевката е најдобрата бесплатна достапна тајна против стареење.