Заљубен или претерано љубоморен маж? Како на време да ја препознаете разликата

popara1 јануари, 20231min00
676

Во секоја врска, одредена количина на љубомора е сосема нормална и природна. Меѓутоа, кога е претерана или неконтролирана, доаѓа до големи проблеми, а со текот на времето, и до раскинување.

Секој кој покажува многу љубомора се обидува да ја оправда таа љубомора со заљубеност. Сепак, постои голема разлика помеѓу занесот и љубомората и начините да препознаете кога е едното, а кога е другото.

Љубомора: Постојано ве сака само за себе и се лути кога се дружите со други.

Љубов: Ве сака за себе, но сфаќа дека не можете секогаш да бидете единствено негови.

Љубомора: Секогаш се сомнева во најлошото кога ќе ве види како комуницирате со некого.

Љубов: Ви верува дека сте со него затоа што сакате да бидете со него и знае дека нема да престанете да разговарате со луѓето поради него.

Љубомора: Ве проверува „затоа што ве сака“:

Љубов: Ви верува затоа што ве сака.

Љубомора: Очекува да се однесувате на одреден начин сега кога сте со него.

Љубов: Ве прифаќа такви какви што сте, се заљубил во таа личност.

Љубомора: Полудува кога не му се јавувате.

Љубов: Знае дека ќе се јавите кога ќе можете.

Љубомора: Има испади поради луѓето кои комуницираат со вас преку социјалните мрежи.

Љубов: Сфаќа дека не секогаш имате влијание врз она што другите го прават и ви верува.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma