ЗА АКНИТЕ НА ГЛАВАТА МАЛКУ СЕ ЗБОРУВА Ослободете се од мозолчињата на скалпот

popara12 април, 20231min00
Screenshot_1

Акни на главата не се невообичаена појава. Секоја личност го имала овој проблем барем еднаш во животот. Меѓутоа, постојат луѓе кај кои мозолчињата на главата се хронична појава. Што не е лесно да се реши без стручна помош.

 

 

 

За разлика од акните и мозолчињата кои се појавуваат на лицето и телото, мозолките на главата се потешки за лекување поради влакната. Постојат специјални препарати и лекови кои се користат за терапија. Но не треба да се земаат на своја рака. Затоа што резултатите може да изостанат или дури да се влоши состојбата.

 

Мозолчињата на главата се естетски проблем. Понекогаш тие поминуваат спонтано. Но, можат да се развијат во потешка форма. Тие можат да се појават каде било на главата. Најчесто се забележуваат кога почнуваат да чешаат и болат. А тогаш е време да побарате помош од трихолог.

 

Зошто доаѓа до појава на акни на главата?

Причините за појава на мозолчиња и акни на главата можат да бидат различни. Од надворешни фактори, неправилна хигиена и исхрана до бактериски и габични инфекции.

 

Нивната појава може да биде индуцирана и од одредени болести.  Како што се болести на бубрезите, дијабетес, хормонални промени.

 

Стресот истотака може да биде предизвикувач на мозолчиња, како и употребата на несоодветни шампони, маски, регенератори и спрејови за коса.

 

Во зависност од причината, тие можат да се манифестираат како мали црвени мозолчиња, гнојни акни, цисти, красти или осип.

 

Акни на главата обично се јавуваат како резултат на зголемената работа на лојните жлезди, како и кај другите делови од телото.

 

Лојните жлезди се наоѓаат подлабоко во кожата, долж коренот на влакното. Себумот кој се лачи од лојните жлезди поминува низ фоликулот на влакното односно порите.

 

Кога секрецијата на себум е зголемена, може да се појави затнување на порите и формирање на мозолчиња. Маснотијата останува заробена во порите, што е погодно тло за размножување на бактерии и се јавува воспаление на фоликулите на косата – фоликулитис.

 

Разликуваме инфективен и неинфективен фоликулитис и перифоликулит.

 

Инфективниот фоликулитис е предизвикан од бактерии и габи, најчесто Staphylococcus aureus, а понекогаш може да биде предизвикан од вируси и микропаразити.

 

Се манифестира како мали бели или црвени гнојни мозолчиња на коренот на косата, а инфекцијата може да се шири и да ја покрие целата површина на главата во форма на осип придружена со чешање и болка. Тешките форми на фоликулитис може да предизвикаат опаѓање и лузни на косата ако се уништи фоликулот на влакното.

 

Кога е време да побарате стручна помош?

Благите или почетни форма на фоликулитис може да останат незабележани, бидејќи мозолчињата се покриени со влакна.

 

Присуството на акни на главата обично се забележува со допир, при миење коса, чешлање или кога почнуваат да чешаат.

 

Не секоја форма на фоликулитис е причина за тревога, но состојбата треба да се следи и ако мозолките не се повлечат спонтано, време е да се посети трихолог.

 

Особено е штетно да се исцедат мозолчињата на главата бидејќи може да се појават красти и да се прошири инфекцијата.Никогаш не треба да преземате самостојно лекување, да ставате разни креми или масла, бидејќи иако имаат антивоспалителни својства, тие можат да предизвикаат контра-ефект со дополнително затворање на порите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma