Грижата пред се
Главната состојка на овој серум е кората од портокал, која е богата со витамин Ц, го стимулира колагенот и еластинот во кожата, правејќи ја цврста, еластична и сјајна.
Начин на подготовка:
Одделете ја кората од портокалот, исечкајте ја на помали парчиња, а потоа оставете ја на сонце неколку часа додека не се исуши.
Потоа во сад ставете ја исецканата и исушена кора, додадете две лажици розова вода и 1/2 лажица глицерин, па додадете 3 капсули витамин Е.
Кога сè добро ќе измешате и соедините, покријте го садот со алуминиумска фолија и оставете го да отстои околу шест часа на собна температура.
После тоа, истурете ја смесата во блендер и изблендирајте. Кога добиената смеса ќе ја процедите низ цедалка, ќе добиете серум за лице.
Домашниот серум можете да го истурите во шише за полесно да го користите и чувате. Можете да го користите секојдневно. Откако ќе го втриете, можете да нанесете каква било крема што ја користите.