Кога имате главоболка, ве боли заб или грб, а пиете лекови, едвај чекате болката да помине или барем да се ублажи. Овие стратегии се засноваат на научни студии кои откриле дека доколку лекот се зема на еден од овие начини, тој ќе делува побрзо.
Легнете на десната страна
Во студијата на Универзитетот Џон Хопкинс, луѓето кои го пиеле лекот и легнале на десната страна виделе дека делува двојно побрзо од оние кои седеле или легнале на левата страна. Причината е што во оваа поза таблетот побрзо стигнува до цревата и крвотокот – за 10 минути, додека кога стоите и седите тоа се случува за 23 минути, а кога лежите на левата страна за 100 минути.
Пијте лек со кафе
Ако страдате од мигрена, земете лекови против болки заедно со шолја кафе или чај. Комбинацијата на состојки од лекот и кофеинот е најефикасна за ублажување на овој вид главоболка, велат експертите. На овој начин таблетата побрзо стигнува до крвотокот и се блокираат рецепторите одговорни за болката.
Прошетајте малку
Кога ќе добиете вакцина против грип или нешто друго, добро е да пешачите 60 до 90 минути потоа. Утврдено е дека умерената активност ја подобрува способноста на телото да ја препознае вакцината и да создава антитела. Ова го заклучија експерти од Универзитетот во Ајова.