За впечатлив изглед: Пет трикови за густи и долги трепки

popara19 јануари, 20231min00
642541_shutterstock-1730544256_f

Желба на сите жени

Бујните трепки, блескавите очи и совршено обликуваните веѓи на женското лице секогаш создаваат впечатлив изглед. Желбата на жените за подолги и погусти трепки беше поттик за индустријата за убавина да формулира серуми за раст на трепките, но ако не сте сигурни дали тие навистина функционираат и како вашите очи ќе реагираат на нив, обидете се да се придржувате до овие 5 мали „спасувачи “. Но, не заборавајте дека трепките имаат намена која нема никаква врска со убавината, бидејќи тие имаат заштитна функција за да не навлезат честички од надворешната средина во окото.

  1. Бидете нежни со трепките. Сè што е поврзано со трепките – направете го полека. Никогаш не влечете ги трепките и избегнувајте да ги триете очите. Коренот на трепките е многу чувствителен и, верувале или не, многу лесно можат да се скршат поради тие секојдневни лоши навики.
  2. Кога користите виткач за трепки, никогаш не ги влечете капаците.
  3. Извадете ја маскарата пред да заспиете. Ако спиете со маскара, таа се стврднува во текот на ноќта, што предизвикува кршење и опаѓање на влакната. За отстранување на маскарата користете нежно средство за отстранување шминка, а меѓу најдобрите се двофазните, кои содржат воден и масен дел, кои се соединуваат со тресење пред употреба и ја отстрануваат дури и водоотпорната маскара во еден чекор. Отстранете ја маскарата со памук или памучни марамчиња за повеќекратна употреба. Нанесете средство за отстранување шминка на нив и нежно ставете го памукот на очниот капак, односно на трепките и држете го неколку секунди за да се раствори маскарата и лесно да се отстрани со еден потег. Најлошото нешто што можете да го направите е грубо да ги истриете трепките.
  4. Фрлете ја старата маскара, тоа обично е потребно да го направите по неколку месеци од отворањето и користењето. На овој начин ќе го зачувате здравјето на вашите трепки и очи. Нова туба маскара треба да се земе по три до шест месеци, во зависност од тоа колку често се шминкате, бидејќи тоа ќе помогне да се спречи развојот на бактерии во вашата маскара и да се спречи инфекција.
  5. Доколку имате проблем со црвенило на очите или некоја друга болест на очите, заменете ја целата шминка што ја користите на вашите очи – од маскара до сенки за очи, коректор, пудра, креон…

Пред да падне, трепката може да трае околу 3 месеци, а потребни се околу два месеци или повеќе додека целосно не порасне. Ако трепките се оштетени, механички или хемиски, тоа ќе го направи влакното покревко, потенко и пократко кога ќе порасне, а ако фоликулата на влакното е сериозно оштетена, најверојатно влакната на тоа место никогаш повеќе нема да пораснат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma