За врели ноќи и гужвање на постелнината: Овие намирници се ВИСТИНСКИ АФРОДИЗИЈАЦИ

popara19 јуни, 20231min00
222822_16849_f

Сигурно сте слушнале дека храната има врска со подигање на вашето либидо и доведување во состојба на интимна возбуда.

Нутриционистката Каролина Петровиќ открива дека храната навистина има врска со зголеменото задоволство, а еве која и како:

– Окситоцинот, познат и како „хормонот на љубовта“, има неверојатни ефекти врз нашето тело и ум. Според истражувањата, овој хормон позитивно влијае на социјалното однесување. Окситоцинот е поврзан со чувството на релаксација, општа психолошка стабилност и доверба. Исто така, научниците докажаа дека овој хормон ги намалува симптомите на стрес и анксиозност. Но, дали знаевте дека овој магичен хормон може да се поврзе и со храната?

Кога се препуштаме на вкусни залаци, нашето тело може да ослободи окситоцин, создавајќи чувство на топлина и поврзаност.

– Додека уживате во секој залак, вашето тело ослободува окситоцин, кој може да поттикне чувство на задоволство и благосостојба бидејќи нашиот мозок добива сигнали за задоволство и награда. Чувството е слично како да се заљубувате повторно и повторно – вели нутриционистот и додава:

– Храна за која се смета дека го зголемува производството на хормонот окситоцин е темното чоколадо, но и јаткастите плодови, јагодите, ананасот, авокадото, како и морска храна богата со омега-3 масни киселини.

Но, знајте, окситоцинот и храната имаат сложена врска. Понекогаш храната може да се претвори во „утеха“ за емоционален стрес или тага. За жал, ова често може да резултира со прејадување и нездрави навики. Затоа е важно да најдете рамнотежа помеѓу уживањето во храната и грижата за вашето здравје.

Затоа, умерено, уживајте во храната која ви носи чувство на среќа и исполнетост. Но, бидете свесни за вашите емоции и најдете здрави начини да се справите со нив. Можеби ќе откриете дека вистинскиот рецепт за среќа е всушност комбинација од окситоцин, храна и самољубие – заклучува нутриционистот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag