Богато е со витамини Б и Е како и со магнезиум, фосфор и калциум.
Освен тоа е збогатено и со протеини кои длабински ја хранат косата.
Затоа важно е да јадете сусам кој од внатре ќе го подобри изгледот на косата но промените не можат да се случат преку ноќ. Всушност потребни се неколку недели, па дури и месеци да забележите разлика.
Трпението е неопходно како и промената на секојдневната исхрана.
Во прилог ви ги претставуваме бенифитите од сусамовото масло:
- Длабински ја негува косата и го спречува цветањето на врвовите
Токму ова масло е одличен начин како да ја опоравите сувата коса која е полна со расцветани врвови. Маслото ќе ја хидрира и зајакне, а косата ќе биде сјајна и мека.
- Ги спречува проблемите со скалпот
Маслото од сусам е богато со витамини, минерали и хранливи материи кои се неопходни за здрав скалп. Со масирање на маслото во скалпот ќе го хидрирате и тој повеќе нема да се лупи.
Ова масло има антибактериски, антигабичен и анти-инфламаторен ефект кој ќе го исчисти скалпот од инфекции, перут и запушени пори кои предизвикуваат опаѓање на косата.
- Го подобрува растот на косата
Есенцијалните масни киселини го подобруваат растот на косата, а сусамовото масло е богато со нив. Кога масирате топло масло на скалпот, тоа влегува во него го хидрира и ја зголемува циркулацијата. Го јакне коренот и со тоа го подобрува нејзиниот раст.
- Го спречува прераното побелување на косата
Сусамовото масло има способност ја потемни косата кај бринетите и жените со црна коса. Ако сакате максимален ефект мешајте го со други масла како маслиновото или бадемовото.
- Природна заштита од сонцето
Заштитете ја косата од сончевите зраци така што ќе ја намачкате со малку масло по целата должина.