Ѓумбирот и денес и низ историјата се смета за едно од чудата на природата. Маслото од ѓумбир, кое се добива со екстракција од коренот на ѓумбирот, е природен антиоксиданс, кој го чисти организамот и влијае на зајакнување на имунитетот и најчесто се користи за разновидни проблеми со дигестивниот систем, воспаленија, настинки, респираторни проблеми, менструални нарушувања и подобрување на либидото.
Меѓутоа многу луѓе не знаат дека ова масло се користи за третирање на косата и е докажано ефикасно средство против првут и опаѓање на косата, како и за третман на оштетена коса.
Првут
Првутот е еден од најголемите проблеми со косата, кој многу тешко се елиминира. Иако на пазарот постојат голем број на специјализирани производи против првут, сепак сé уште голем број на луѓе се соочуваат со овој проблем. Заради видливоста на првутот, посебно на темна коса и облека, истиот предизвикува фрустрации, ја намалува самодовербата, а луѓето се чувствуваат неуредно и непривлечно. Исто така од перутот може да се јави србеж, а чешањето пак влијае на зголемено создавање на перут.
Маслото од ѓумбир докажано делува на проблемите со склапот кои доведуваат до создавање на првут заради неговите природни антисептички и антивоспалителни својства. Со векови наназад ѓумбирот и маслото добиено од него се користат за отстранување на првутот. Во домашни услови може да подготвите ефикасно средство против првут. Се што треба да направите е да размешате 4 капки од маслото од ѓумбир со една супена лажица масло од сусам или маслиново масло и најмалку три пати неделно да го масирате скалпот и да го оставите да стои 30-ина минути пред да го исплакнете.
Опаѓање на косата
Со стареењето, кај луѓето, а посебно мажите, се појавува тенденција на опаѓање на косата. Заради изгледот голем број на луѓе ширум светот инвестираат во скапи тертмани за растење на косата, чии резултати се различни.
За повторно растење на косата можете да се обидете со користење на маслото од ѓумбир. Стимулативните својства на маслото од ѓумбир влијаат на зголемување на циркулацијата на крвта во скалпот. Зголемената циркулација на крвта ги стимулура фоликулите што предизвикува растење на косата. Со неколку капки масло од ѓумбир, размешано со една супена лажица масло од јојоба или маслиново масло масирајте го скалпот и оставете да делува 30-ина минути пред да го исплакнете.
Оштетена коса
Оштетената коса е состојба која се јавува како резултат на прекумерно изложување на косата на хемиски средства и топлина при процесите на бојадисување, исправање, навиткување, фенирање итн. Косата изгледа безживотно и нездраво, со суви и разделени врвови. Ако не се третира навреме, може да резултира со појава на првут, опаѓање или други такви состојби. Можеби најголема грешка што секој од нас ја прави е купување на производи наменети за оштетена коса, кои треба да делуваат на нејзино обновување. Меѓутоа скоро сите такви производи повторно содржат различни хемиски средства. Од тие причини најдобро е да се користат природни средства за ревитализација на косата. Мешавината од масло од сусам со масло од ѓумбир е познато како одлично природно средство за третман на оштетна коса. Маслото од ѓумбир делува како природен ревитализатор и ја штити косата од понатамошно оштетување. Измешајте 3-4 капки масло од ѓумбир со една лажица масло од сусам, нанесете го на косата и оставете да делува 10-ина минути. Потоа измијте ја косата со шампон.