
Повеќето луѓе, веројатно по излегувањето од кабината за капење или туш, веднаш облекуваат пижами и нанесувањето млеко за тело на кожата го оставаат за подоцна, обично пред спиење. Меѓутоа, откриено е дека кожата навистина не се негува на тој начин.
Според Американската академија за дерматологија, по туширањето треба нежно да ја тапкаме кожата со крпа, никогаш да не ја триеме и да нанесуваме лосион во следните три минути.
Кожата по туширањето е малку влажна, а кремот ќе и обезбеди вештачка бариера која ќе го спречи губењето на таа влажност, како и создавање на бактерии и вируси.