За најдобри резултати: Станете експерт и дознајте кои состојки за нега на кожа да ги комбинирате

popara23 април, 20231min00
638255_shutterstock-1566542047_f

Еве што треба да знаете

Секој производ си има свој редослед, а според некое правило, оние со полесна текстура, како тонерите и серумите, секогаш одат прво, а дури потоа на крајот оние што се погусти и „помрсни“. Во продолжение дознајте кои состојки е идеално да се комбинираат, а кои не смеете да ги комбинирате.

Состојки што треба да избегнувате да ги комбинирате

Како што има состојки кои одлично се комбинираат, има и такви кои воопшто не се добри за комбинирање. На пример, никогаш не треба да користите ретинол и AHA и BHA киселини. Исто така, бензоил пероксид не треба да се користи со други активни состојки.

Општо правило што треба да се земе предвид е секогаш да се користат смирувачки состојки со сензибилизирачки состојки. Така, на пример, користењето на ретинол со смирувачко масло за лице ќе ублажи дел од сувоста и иритацијата што ретинолот може да ги предизвика. Експертите исто така велат да избегнувате користење на два различни производи кои содржат исти активни состојки поради потенцијалниот ризик од прекумерна употреба.

Ретинол

Да: хијалуронска киселина, церамиди, креми со заштитен фактор

Не: Витамин Ц, бензоил пероксид и AHA/BHA киселини.

Витамин Ц

Да: антиоксиданси, креми со заштитен фактор, ферулинска киселина, витамин Е

Не: ретинол

AHA/BHA киселини

Да: навлажнувачи и креми со заштитен фактор, церамиди, хијалуронска киселина, глицерин, вазелин

Не: ретинол, механички и пилинзи со сличен состав

Бензоил пероксид

Да: благи средства за миење и чистење, заштитен фактор, локални антибиотски креми

Не: ретинол, лекови за акни

Ниацинамид

Да: салицилна киселина, хијалуронска киселина, ретинол, хидратантни креми, AHA и BHA киселини на растојание од 30 минути

Не: витамин Ц

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma