За негувани раце и опоравена кожа: Домашно масло против кутикули

popara9 јануари, 20231min00
beli-nokti

За повеќето луѓе, негата на рацете се сведува на нанесување крем, што во некои случаи не е доволно.

Сувите и кршливи нокти, особено во зимски услови, доведуваат до појава на задебелени кутикули на ноктите, што во никој случај не е убава појава.

Покрај тоа, кутикулите, кои се формираат со растот на ноктите, можат да бидат многу болни. Примарната цел на кутикулата на коренот на ноктите е да се заштити од инфекција, така што нејзиното оштетување ве става на одреден ризик.

Затоа не би било лошо одвреме-навреме да ги третирате ноктите со дополнителна грижа.

Маслото направено од домашни состојки, кое ја храни и негува кожата, е одлично решение.

За едно такво масло ви треба:

– маслиново масло, 1 лажиче
– масло од чајно дрво, 6 капки
– бадемово масло, 1 лажиче

Сите состојки треба да ги истурите во чиста тегла и да ги измешате со дрвена лажица. Важно е теглата да е покриена, за да можете подолго да го користите маслото.
За да спречите маслото да се расипе, чувајте ја теглата на суво и ладно место.

Ноктите треба да се мачкаат навечер, по можност пред спиење, со нежно масирање на секој дел од ноктот. Не би било лоша идеја да користите стапче за уши за тоа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma