ЗА „НИСКИ СТРАСТИ“ ЗАРАБОТИВ 13,5 МИЛИОНИ ПОМАЛКУ ОД МАЈКЛ ДАГЛАС Шерон Стоун откри: Тоа понижување ме следеше со години!

popara2 април, 20231min00
Screenshot_7

Откако во говорот пред Женскиот фонд за истражување на ракот открила дека веројатно изгубила половина од парите поради пропаѓањето на банката во Силиконската долина (зашто подоцна се појави информација дека станува збор за 13,4 милиони долари), Шерон Стоун открила и дека е губитник кога станува збор за „Ниски страсти“, филмот кој во 1992 година ја вивна до холивудските височини.

 

 

 

Имено, на 43-тото доделување на Muse наградите во Њујорк за жени во филмот и телевизијата, Стоун изјави дека заработила само 500 илјади американски долари за секс-трилерот во режија на Пол Верховен. Само затоа што ја споредувал со колегата Мајкл Даглас, кој исто како неа ја имаше главната улога во тој хит.

 

„Мајкл Даглас заработи 14 милиони долари. Јас бев нова, а тој беше голема ѕвезда“, рекла во вторникот пред присутните званици, главно жени од светот на филмот и телевизијата.

 

Стоун исто така објаснила и како се соочувала со омаловажување од извршниот продуцент на проектот, кој погрешно и се обраќал со Карен за време на снимањето.

 

„Дури и на гувернерскиот бал по Оскарите, тој сè уште ме викаше ‘Карен’! И јас го носев тоа понижување многу длабоко во себе“, рекла таа.

 

Според Page Six, Стоун со уште осум жени, меѓу кои ѕвездата од „Лекција по пијано“, Даниел Брукс, претседателката на Академијата за филмски уметности и науки Џенет Јанг, ѕвездата од „Slumdog Millionaire“ Фрајда Пинто и Сандра Ли, добила признание.

 

Ли излегла на сцената за да и се заблагодари на Стоун што и дала „некои од најдобрите совети во животот“ кога седнала до неа во авион пред да се прослави како ТВ водител и активист.

 

Таа рекла дека Стоун тогаш ја советувала: „Погрижете се вашата коса никогаш да не е совршена“. И како што вели Ли, оттогаш немала совршена фризура.

 

„Да, јас и Сандра седевме заедно во авионот и ѝ кажав дека повеќе дава отколку што зема. И тоа го направи, на што сум многу горда”, додала Стоун. Познатата актерка се отворила пред толпата и за нејзиниот неодамнешен разговор со колешката и пријателка Сара Полсон на забавата за Оскар на Vanity Fair.

 

„Таа ме праша зошто сите се толку лути на мене. Мислам дека сите добро знаете зошто сите се толку лути на мене”, изјавила холивудската бунтовничка која никогаш не била роб на нормите наметнати од филмската индустрија, што предизвикало смеа меѓу присутните.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma