Зајакнете ја косата на природен начин
Кршливата и сува коса може да биде резултат на многу фактори – генетика, лоша исхрана, стрес, проблеми со хормоните и многу други.
Постои заедничко верување дека маслото од чичка и маслото од орев се одличен избор за поцврста и погуста коса, но новата студија во која учествувале научници од Хаваи и Кореја покажала дека најдобро делува маслото од здравец.
Маслото од гераниум, исто така, може да биде поефикасно од миноксидилот, хемикалија додадена на многу шампони и лосиони против опаѓање на косата.
Маслото од гераниум може да го регулира и производството на себум. Ова е причината зошто може да помогне кај сува или мрсна коса, како и кај проблеми со скалпот.
Додадете го ова масло на количината што ја нанесувате на вашата коса при секое миење.