Ефтино и ефикасно решение
Растворете две лажички нејодирана морска сол, како што е розовата хималајска морска сол, во еден литар топла вода. По желба додадете сок од лимон за подобар вкус, па пијте на празен стомак.
Набргу потоа ќе почувствувате потреба за празнење на дебелото црево.
Конзумирањето солена вода на празен стомак може да предизвика гадење и повраќање, како и да го зголеми ризикот од преоптоварување со натриум и висок крвен притисок.
Грчеви, надуеност и дехидрација, исто така, може да се појават бидејќи чистењето на дебелото црево може да предизвика дисбаланс на електролити поради брзото губење на течност и натриум. Ова дополнително може да резултира со грчеви во мускулите, слабост, конфузија, неправилно чукање на срцето, напади, проблеми со крвниот притисок…
Не се препорачува да ја користите оваа вода ако имате:
проблеми со срцето,
едем,
дијабетес,
проблеми со бубрезите,
висок крвен притисок,
гастроинтестинални проблеми.