За полни усни без филери: Имаме фантастичен трик, веднаш испробајте го!

popara10 октомври, 20231min00
57185_screenshot-131_f

Рејчел е шминкерка на TikTok и ја следат над 230 илјади луѓе. Таа редовно објавува видео туторијали за шминкање кои имаат илјадници прегледи, а едно стана вистински вирален хит.

Како што пренесува „The Sun“, таа за само два дена собрала над 455 илјади прегледи благодарение на трикот за пополни усни. А се што ви треба е мала, рамна четка и кафеава сенка со ладен тон.

И еве како таа го прави тоа. Прво, нанесува мала количина од производот под долната усна и на тој начин создава ефект на сенка, потоа на горната усна, а забележува дека мора да се насмевнете при нанесувањето. Кога ќе завршите, таа вели да ја „изблендирате“ сенката уште малку за да се ослободите од грубите линии, а доколку сметате дека е потребно, можете да нанесете повеќе сенка и да нацртате мала линија на средината на долната усна, и на горната усна во форма V. На крајот на усните нанесува и моливче за усни во беж боја, а завршува со мат кармин во слична боја.

Видеото воодушеви многу корисници, а многумина во коментар ѝ се заблагодарија што им го покажа овој неверојатно едноставен трик.

„Ова ќе го пробам веднаш утре!“, „Ова е генијално и толку едноставно“, „Ти благодарам, ова ми олесни се!“ – се дел од коментарите.

@rachelocool

CMON ANGELINERRRS #lipcontour #biglips #lipliner #lipplumper

♬ Civilization (Bongo, Bongo, Bongo) – Remastered – The Andrews Sisters

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma