За помали сметки: Четири трикови како да заштедите електрична енергија додека подготвувате ручек

popara5 јануари, 20231min00
Screenshot_4

На сите ни е јасно дека цените драстично пораснаа, а тоа што едно тричлено домаќинство троши околу 11 отсто од енергијата на готвење, воопшто не ни ја олеснува ситуацијата.

 

 

Сепак, постојат неколку трикови како да заштедите енергија во кујната, кои ќе ви бидат од голема помош.

 

Според германската новинска агенција „DPA“, за почеток, ако користите капак, топлината не може да избега од тенџерето. Тоа е три пати поефикасно од готвењето без капак, а храната ќе се загрее побрзо.

 

 

Освен тоа, енергијата може да се заштеди со избирање тенџере и тавче чии радиуси одговараат на големината на ринглата, а радиусот на садовите може да биде уште малку поголем.

 

Пари и енергија може да се заштедат доколку во тенџерето се истури само потребното количество вода, бидејќи тоа го забрзува процесот на загревање и на тој начин ја намалува потрошувачката на вода и енергија.

 

 

Во кампањата на германската влада беше истакнато и дека јајцата и зеленчукот може да се готват во само 2 сантиметри вода – со други зборови, без да бидат покриени со вода. На овој начин можете да заштедите 10 евра годишно.

 

Последниот совет е за љубителите на тестенини, имено, ставете ги во тенџере додека водата е уште ладна, велат така побрзо ќе бидат готови.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag