Превртувањето очи не е гест што исклучиво го користат жените, но науката објасни зошто дамите сакаат да го прават тоа.
– Женското превртување очи е делумно еволутивна стратегија – објаснува д-р Трејси Виланкур, која во 2013 година спровела студија и докажала дека ова однесување е како вроден тик.
Во текот на еволуцијата, жените ја прикривале својата агресија повеќе од мажите, користејќи т.н индиректна агресија, која вклучува „критикување на изгледот на конкуренцијата, ширење озборувања и исклучување од општеството“. Но и превртување на очите. И сето тоа за да се преживее во текот на еволуцијата.
Ова конкретно значи дека мажите физички се справувале со непријателите и конкурентите, честопати во борба, додека жените избирале помалку ризични вештини.
Во една статија за Њујорк Тајмс, психологот Лиза Дамур објасни зошто секоја тинејџерка ги превртува очите неколку пати на ден. Според неа, ова е единствениот начин една „угнетена млада девојка“ да ја изрази својата желба за независност.
– Ако ги преврти очите додека ги средува садовите, тинејџерката ви дава до знаење дека е независна земја која засега попушта под регионалното владеење – рекол докторот. Во превод, тоа значи дека таа ќе ги среди садовите, но само кога ќе им го покаже ставот на родителите за оваа работа.