Сè што ви треба за брзо и лесно ставање на вештачките трепки е виткач за трепки.
Доколку носите посилна шминка, често едноставна маскара не е доволна за да ги нагласите вашите трепки. Поради оваа причина, вештачките трепки се вистинскиот избор, но најчесто не е лесно да се наместат.
Дури и за некој кој е искусен во шминкањето, ставањето трепки може да биде предизвик, но има одличен трик и за тоа.
Сè што е потребно е да ги ставите трепките на виткачот, потоа малку лепак, да почекате неколку секунди и да ги поставите каде што треба.
Како изгледа во пракса, погледнете на видеото ТУКА.