За сите русокоси: Три чекори до совршена фризура

popara1 февруари, 20231min00
583033_shutterstock-1346347622_f

Треба да го знаете ова

Без разлика дали неодамна сте преминале од бринета во русокоса или носите руси нијанси со години, знаете дека е потребно многу труд за вашата коса да изгледа здрава, сјајна и жива.

Грижата за оваа боја е многу важна во текот на целата година, а особено во летните месеци. Покрај сонцето, на промената на тоновите влијае и хлорот од базените, како и солената вода. За да ја спречите појавата на безживотна и оштетена коса, важно е да ги следите советите на експертите за коса.

Миење на косата

За да остане бојата таква каква што е, и покрај „нападот“ на солената вода, хлорот и УВ зраците во текот на летото, потребно е да користите специјализирани шампони за руса коса. Тие ќе ја сочуваат и ќе ја задржат бојата свежа и чиста.

Престилизирање

За да може бојата да остане стабилна, многу е важна и грижата после миењето со шампон. Користете богати и навлажнувачки производи за сјај на косата, кои ќе и дадат префинет и мазен изглед и ќе го спречат губењето на текстурата и кршењето на косата.

Постстилизирање

Сјајот е фактор број еден кај русата коса, а тоа не е можно доколку не ја заштитиме косата. Затоа, советот е да барате заштитни масла за руса коса кои се во согласност со типот на вашата коса (сува, мрсна). Исто така, користете формули кои освен сјај, ги хидрираат и ја зајакнуваат влакната, а косата ја прават полна со волумен.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma