Лесно се прави
Талогот од кафе може да биде одличен пилинг за митесери. Сепак, кафето може многу успешно да се користи како маска за митесери. Во комбинација со цимет дава исклучителни резултати во смирување на воспаленијата, но и во чистење на порите, што е исклучително важно за исчезнување на митесерите.
За оваа маска ќе ви требаат:
2 шолји кафе
половина лажичка цимет
една лажичка кокосово масло
Подготовка:
Од овие три состојки треба да направите паста, која треба да биде особено густа, но никако не смее да биде ретка. Значи, подобро е малку погуста, отколку течна. Маслото е густо само по себе, така што нема да дозволи ниту течна структура.
Маската треба да се нанесе на претходно исчистено лице и да се држи 15 минути. За да ја измиете маската ќе ви треба млака вода. После неколку нанесувања, резултатот е чисто лице, без воспаленија, митесери, кожни неправилности.