Повеќе нема да страдате од тесни чевли
Секоја дама сака високи потпетици, бидејќи тие им даваат посебна нота на комбинациите на облека и ги прават поженствени и елегантни. Меѓутоа, често се случува, особено кога се носат нови чевли, да добиете плускавци, па да не можете долго да издржите во чевлите. За да ги избегнете тие болни ситуации и да заблескате со полн сјај каде и да се појавите – искористете го следниов трик.
Што ви треба?
еден пар дебели чорапи или неколку пара потенки
Фен за коса
Постапка:
Облечете ги чорапите, а потоа и чевлите, а потоа користете фен за да го загреете делот што ви создава плускавци. Во исто време, истегнете ги стапалата така што тесниот дел ќе се прошири под притисок на топлиот воздух.Не соблекувајте ги чевлите додека не се изладат. Потоа пробајте го чевелот без чорапи, ако сè уште ве стега, повторете ја постапката. Кога ќе завршите со процесот, премачкајте ги кожените чевли со соодветна крема.