Никој не можеше да претпостави дека Донатела Версаче подготвува готик стил за оваа сезона! Кога моделите излегоа во кожни комбинации, каде доминантна беше црната боја, сите останаа без зборови.
Бидејќи самиот „Версаче“ е познат по блескавите, златните и „живописните“ бои, ова беше навистина изненадувачки за сите.
Најголемото изненадување на вечерта беа; Наоми Кембел, Џиџи Хадид и Кендал Џенер.
Сите три имаа различен стил на црн фустан. Нивната драматична шминка е таква што остава вистински белег на бунтовничка и доминантна дама.
Како што минатата година минавме низ розова фаза, ова е година на класиката, „драмата“ и готик стил. Жените кои сакаат понежен стил на облекување треба да се подготват за овој целосен пресврт.