Здравствени состојби и проблеми кои можат да предизвикаат прекумерно потење

popara17 јули, 20231min00
Screenshot_5

Во топлите летни денови, потењето е сосема нормална работа. Потењето е всушност механизам за разладување на нашето тело. Но доколку забележите дека се потите прекумерно, дури и кога времето не е толку топло, причината за тоа може да биде нешто друго.

 

 

 

Во продолжение погледнете неколку здравствени проблеми што можат да предизвикаат прекумерно потење.

 

Фокална хиперхидроза

Хиперхидрозата претставува прекумерно потење и постојат два вида – фокална и генерализирана. Фокалната хиперхидроза е карактеризирана со прекумерно потење на одредени делови од телото, како дланките, стапалата, пазувите или лицето.

 

Причината за ова нарушување не е целосно позната. Досегашните истражувања покажале дека кај луѓето со хиперхидроза нема промени во потните жлезди, ниту во количеството пот што се лачи.

 

Па, најверојатно, ова нарушување е генетска дисфункција на нервниот систем што предизвикува потење кога нема потреба од тоа.

 

Бременост

Во текот на бременоста температурата на телото се зголемува и низ него циркулира повеќе крв, па сосема нормално е да се потите повеќе од вообичаено. Покрај тоа, метаболизмот на бремените се жени забрзува, што е уште една причина за прекумерно потење.

 

Хиперактивна тироидна жлезда

Ова е нарушување каде што тироидната жлезда е поактивна од вообичаено и лачи повеќе хормони. Кога во телото има премногу од овие хормони, метаболизмот се забрзува, со што доаѓа до прекумерно потење, неправилно чукање на срцето и нагло слабеење.

 

Исхрана

Ова не е здравствен проблем, но добро е да знаете дека некои прехранбени продукти, како кафе, алкохол или зачинета и лута храна можат да имаат поголемо влијание врз дигестијата, а со тоа да предизвикаат прекумерно потење.

 

Покрај тоа, кофеинот и алкохолот го стимулираат вашиот нервен систем и го зголемуваат крвниот притисок.

 

Лекарства

Прекумерното потење може да биде и заради несакан ефект од лекарствата што го искусуваат само околу 1% од луѓето. Наводно, лековите против болка, антибиотиците, хормоните и лековите за ментални нарушувања имаат најголемо влијание врз потењето.

 

Инфаркт

Потењето е еден од симптомите на инфарктот. Доколку одеднаш почувствувате студена пот, болка во градите, вртоглавица и неудобност на левата страна од телото, можно е да доживувате инфаркт.

 

Дијабетес

Дијабетесот може да предизвика потење поради неколку причини – низок шеќер во крвта, оштетување на нервниот систем или невропатија.

 

Анксиозност

Кога телото е под стрес, најверојатно ќе се активираат и потните жлезди. Причината е што анксиозноста е показател за некоја потенцијално опасна ситуација, па телото почнува да ги празни течностите низ потните жлезди наместо низ бубрезите, за да не морате да уринирате сред опасност.

 

Покрај тоа, кога сте под стрес се забрзува циркулацијата на крвта, што пак ја зголемува телесната температура и предизвикува потење.

 

Хормонални промени

Менопаузата, бременоста, пубертетот и менструалниот циклус можат да предизвикаат хормонални промени. При овие состојби, најчесто се нарушува рамнотежата на естрогенот и прогестеронот, со што се зголемува телесната температура.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag