Зелено, црвено или црно грозје? По што се разликуваат и која е најздравата опција

popara3 септември, 20231min00
e842ab62c2e0799e818074b6d7dd4b0fd6ba0ee4

Дали знаете кој вид на грозје е најдобар за вас и кој нуди најмногу здравствени придобивки: зелено, црно или црвено грозје?

Грозјето е популарно овошје ширум светот и доаѓа во многу различни сорти, секоја со свој уникатен вкус и нутритивни придобивки. Иако секој вид на грозје нуди здравствени придобивки, постојат мали разлики во нивните хранливи профили што ги прават некои сорти покорисни од другите.

Зелено грозје

Зеленото грозје, познато и како бело или жолто грозје, е најчесто консумираната сорта на грозје. Ова грозје има слатко-кисел вкус и се користи во различни рецепти, вклучувајќи салати, смути и печива. Според истражувањата, една чаша зелено грозје содржи приближно 104 калории, 1,4 грама протеини, 0,2 грама масти и 27,3 грама јаглени хидрати. Нутриционистот вели дека зеленото грозје е добар извор и на витамин Ц, витамин К и калиум. Витаминот Ц е антиоксиданс кој ја поддржува функцијата на имунолошкиот систем и здравјето на кожата, додека витаминот К игра клучна улога во згрутчувањето на крвта и здравјето на коските. Калиумот е важен за регулирање на крвниот притисок и за поддршка на здравјето на срцето, пишува Healthshots.

Црно грозје

Црното грозје, познато и како виолетово грозје, е слатко и сочно грозје со длабока боја. Тоа често се користи во производството на црвено вино поради високата содржина на танини, што му го дава на виното препознатливиот вкус.

Една чаша црно грозје содржи приближно 104 калории, 1,1 грам протеини, 0,2 грама масти и 27,3 грама јаглени хидрати. Црното грозје е здраво бидејќи е добар извор на витамин Ц и витамин К, слично на зеленото грозје. Содржи и ресвератрол, моќен антиоксиданс кој е поврзан со различни здравствени придобивки.

Црвено грозје

Црвеното грозје, познато и како темноцрвено или бордо грозје, има сладок и малку кисел вкус и најчесто се користи во овошни салати, џемови и желеа. Тоа се користи и за производство на црвено вино, слично на црното грозје. Една чаша црвено грозје содржи приближно 104 калории, 1,1 грам протеини, 0,2 грама масти и 27,3 грама јаглени хидрати. Црвеното грозје е добар извор на витамин Ц, витамин К и ресвератрол, слично на црното грозје.

Која боја на грозје е најздраво?

Додека сите три сорти на грозје нудат слични нутритивни придобивки, црното и црвеното грозје содржат ресвератрол, кој ги разликува од зеленото грозје.

– Познато е дека црното и црвеното грозје содржат три вида полифеноли наречени фенолна киселина, флавоноид и ресвератрол. Затоа, црното и црвеното грозје можат да понудат нешто повеќе здравствени придобивки од зеленото грозје – објаснува нутриционистот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag