Зендаја во Atelier Versace: Стилски беспрекорно враќање на црвениот тепих

popara27 февруари, 20231min00
o_28112027_1280

За нејзиното прво појавување на црвениот тепих оваа година, Зендаја ги избра годишните награди на “National Association for the Advancement of Colored People”, откако ги прескокна Златните глобуси и Critics Choice Awards. Овој пат не беше наградена во категоријата за која беше номинирана, за најдобра актерка во драмската серија „Еуфорија“, но нејзиниот изглед беше стилски беспрекорен. Доколку по некоја случајност имаше награда за таа категорија на гламурозната церемонија на НААЦП во Лос Анџелес, веројатно 26-годишната актерка ќе славеше.

image

Ѕвездата од филмовите Dune (неодамна го заврши снимањето на второто продолжение) избра винтиџ креација на Atelier Versace со отворени раменици, која потсетува на стилот на ѕвездите од златното доба на Холивуд. Смелото „V“ деколте е провокативно и женствено во исто време, а впечатокот за супериорен стил го заокружуваат зелените свилени детали на деколтето. Прерамките во иста боја го истакнуваат сирена кројот на фустанот со висок шлиц напред. Во таа прилика покажа и нова фризура, дискретно разбушавен боб со средна должина и малку посветла нијанса на коса.

image

Впечатокот дека не ја добила титулата кралица на стилот туку-така го нагласуваат накитот од компанијата за накит Булгари. Нејзиниот долгогодишен стилист Law Roach се надмина себеси (едвај чекаме да видиме што ќе смисли за Оскарите), но треба да се додаде дека Зендаја е се освен кукла што ја облекуваат другите. Таа гради свој стил, секој нејзин фустан за свечени прилики има „поместен“ детал кој привлекува внимание, но не ги крши правилата. Модниот ентузијаст уште еднаш заработи чиста петка.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma