Ѕвездата на „Еуфорија“ (26) на своето story на Инстаграм ја покажа својата нова шик фризура во ретко огледално селфи.
– Ми требаше мало освежување – напиша актерката на фотографијата.
Можеме да видиме дека Зендаја остана верна на боб фризурата што ја носи веќе неколку месеци, но дека се одлучила за постепенаста фризура, поради што косата изгледа многу погуста.
Покажувајќи ја новата фризура, гледаме дека е облечена лежерно. Таа носи кратка бела класична маичка со фармерки со низок струк. Својот лежерен изглед го заокружила со кафен ремен, кафена велур чанта, златен часовник и кружно ланче.