Зендаја на Coachella во романтично издание и чизми до бутови: Фановите на серијата „Euphoria“ го препознаа фустанот

popara24 април, 20231min00
profimedia-0771297147-830x0

Зендаја им приреди вистинско изненадување на фановите кога се појави на сцената на Coachella во саботата навечер. Таа беше во друштво на Лабринт за да ги изведе хитовите “I’m Tired” и „All for Us“.

Актерката наградена со Еми носеше розов мини фустан преку бела маица. Она што сите го забележаа е дека овој фустан неодоливо потсетува на оној што нејзината колешка Хантер Шејфер го носеше во серијата „Euphoria“ во првата сезона.

Се чинеше дека 26-годишната актерка ужива во нејзината изведба на музичкиот сет, за време на кој ги испеа песните вклучени во серијата.

Како што пренесуваат странските медиуми, ова сценско појавување на изведувачката и актерка се случува седум години по нејзиниот последен настап.

Што се однесува до фустанот, кој наликува на оној што го носи ликот Џулс, во нежно розови тонови, тој е одлично и неопходно пролетно парче. Направен е со дискретни карнери, па затоа е романтичен, но „Christian Louboutin“ чизмите со врвки до бутовите го натераа целиот ансамбл да тргне во насока на модни комбинации кои вообичаено се гледаат на овој фестивал.

На актерката и пејачката се гледаат и ретро огромни алки, кои се вратија во мода пред неколку години и останаа. Таа ја пушти косата природно долга и кадрава, за разлика од свечените фризури што ги носи на црвениот тепих.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma